Македонија
Грантови за училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата
Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.
Активностите кои ќе бидат поддржани со грант може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште.
Грантовите се во висина до 30.000 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.
– Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, се наведува во објавенот Повик на МОН.
За аплицирање на Јавниот повик, кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk. Аплицирањето трае до 9 декември 2022.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград