Гостивар
Со сучење на врвката почнаа Богојавленските чествувања во Гостивар

Православните христијани во Гостивар се подготвуваат за престојниот празник Богојавление-Водици, кој се слави на 19 јануари. Богојавленските чествувања веќе започнаа, со традиционалните обичаи, кои на подрачјето се негуваат со векови.
Денес, на празникот Василица како што налагаат традициите, се сучеше врвката со која се врзува крстот. Врвката се сучи со конец во црвена и бела боја, а во овој обичај учествуваат жените. Сучењето на врвката се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богoродица“.
На денот на празникот, Водици во истиот храм најпрво ќе биде отслужена Света литургија, по што ќе се одржи литија до малиот мост на реката Вардар, од кадешто светиот крст ќе биде положен во водите.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо