Поврзи се со нас

Македонија

Со заем и грант ЕСМ ќе спроведе трета фаза на ревитализација на хидроелектраните

Објавено

на

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ и одлучи да го проследи на натамошна собраниска процедура.

Со заемот, како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски, ќе се спроведе ревитализација на големите хидроенергетски централи – ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје, ХЕ Глобочица, ХЕ Козјак и ХЕ Св. Петка. За таа намена се потребни 36,2 милиони евра од кои 25 милиони евра ќе бидат заем од КфВ, а 11,2 милиони евра се грант што го обезбеди АД ЕСМ со поддршка од КфВ во рамки на седмиот повик од инвестициската рамка на Западен Балкан (ВБИФ). Грантот, посочи, ќе биде наменет за инвестициски  активности и за консултантски услуги за имплементација на проектот

-Ова ќе биде трета фаза на ревитализацијата на овие хидроелектрани. Претходните две фази се исто така финансирани со заеми, при што првата фаза е финансирана со заем од Светска банка, а втората фаза со заем од Кредитната банка за обнова – КфВ и се успешно завршени, рече Николовски.

Овие хидроелектрани, додаде, имаат околу 85 отсто од вкупно инсталираната моќност на хидроелектраните во земјава и учествуваат со просечно производство од 1.280 гигават часови, односно со нив се обезбедува 20 отсто од вкупното производство на електрична енергија во државата.

-Освен во делот на производство на електрична енергија, овие електрани имаат значајно место и во управувањето и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем, регулацијата на напон и фреквенција, како и покривање на „дневните пикови“ во потрошувачката на електрична енергија. Со ревитализацијата се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од минимум 13,5 мегавати и зголемено производство на електрична енергија од околу 47,5 гигават часови годишно, намалени трошоци за одржување, зголемена доверливост и стабилност на системот, прецизира Николоски.

Заемопримач, посочи, ќе биде АД ЕСМ, а земјава преку Министерството за финансии ќе издаде државна гаранција.

-Рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. При повлекување на секоја наредна транша се пресметува пондерирана просечна каматна стапка и истата ќе се применува на повлечениот износ од заемот. АД ЕСМ ќе и плати на Кредитната банка за обнова – КФВ еднократна провизија во висина од 0,75 проценти од износот на заемот и провизија од 0,25 проценти од неповлечените средства од заемот на годишно ниво, рече Николоски.

Нагласи дека услов за склучување на договорот за заем и договорот за гаранција е усвојување на Предлог-закон за гаранција, од страна на Собранието и негово објавување во Службен весник.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Предлог-заемот за ревитализација на хидроелектраните во трета фаза.

-Тоа е проект што е започнат пред повеќе години уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имало можност да ги управува институциите. Третата фаза требаше да биде готова во 2020 година, но сепак ќе го поддржиме проектот и се надеваме дека раководството на АД ЕСМ ќе успее да ги операционализира средствата и да ги реконструира хидроелектраните, потенцира Стојаноски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 49 минути

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 2 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 5 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 5 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена