Поврзи се со нас

Гостивар

Собир во Гостивар по повод 2 Август, слава и чест на загинатите за слобода!

Објавено

на

Денот на републиката, Илинден, во Гостивар утрово се одбележа со традиционален собир и положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во градскиот парк. Настанот го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци.

За историските димензии на Илинден пред присутните зборуваше професорката по историја, Катица Аврамоска.

„Подигнувајќи востание во 1903-тата против османлиската власт, македонските револуционери се бореа за македонска држава, за автономна Македонија, кое нешто го прокламираа преку Крушевската Република. Со своето позитивно историско наследство и порака до слобода преку револуција со сопствени сили беа повеќе од инспиратор на новата генерација револуционери во народно-ослободителна антифашистичка војна на Македонија. Како нивни наследници и продолжувачи тие ја имаа истата крајна цел- создавање на национална држава или како што најчесто ја именуваат учесниците во ослободителната борба Независна македонска република. Сето тоа прави актерите на овие настани да се вселат во историјата како личности, кои не само што знаеле да ја изберат вистинската страна, туку со својата решеност, политичка процена, борба и пожртвуваност ги задолжуваат сегашните и идните генерации. Сите ние, треба да го разбереме минатото, за да може оценката за сегашноста и проекцијата за иднината да ги направиме што поквалитетни.“, кажа меѓу другото, Аврамоска.

Патот до слободата беше долг со многу страдање и жртви, се навраќаме на овие настани да им оддадеме почит на плејадата борци кои се бореа и изборија за слободна Македонска држава, рече во своето обраќање претседателот на боречката организација, Радислав Ѓиноски и повика на поголема вклученост на граѓаните и политичките чинители во одбележувањата на историските настани.

Чествувањето на Илинден продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци. Букети положија делегации на Сојузот на борци и на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите борци за слобода.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 38 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 20 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена