Гостивар
Почна чествувањето на Илинден во Гостивар, концерт со белег на македонските традиции крај Вардар

Со целовечерен концерт во Летниот Амфитеатар покрај Вардар, во Гостивар започна чествувањето на големиот празник, Денот на Републиката-Илинден. Гостиварци од сите генерации се собраа да ја проследат празничната програма исполнета со мелос и ора со длабок белег на македонските традиции.
„Ова е празник кој не‘ обединува сите, како што ги обедини востаничките илинденци и државотворните илинденци. Празник кој ги обедини сите народи кои покрај македонскиот во борбата за самостојност без двоумење им се спротивставија на поробувачите, како фашистички, така и отомански, формирајќи република во која денес сите живееме рамноправно. 120 години Илинден, 120 години против поробувањето и окупацијата, 120 години Република на Балканот, 120 години Крушевска Република , 79 години Македонија. Да ни е вечна и вековита.“, рече во поздравниот говор Предраг Ристески од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ , домаќини на одбележувањето.
Освен оркестарот и фолколорната секција од гостиварското друштво, публиката ја воодушеви и играорната група од културно-уметничкото друштво од тетовска Брвеница. Свои настапи на прославата имаа и вокалните солисти Јовица Николоски, Ѓурѓица Николоска и Владо Глигоровски, гостиварскиот бенд Brainfreezers и Теодора Матеска.
Настанот се организираше со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар и приватни компании.
Чествувањето на Илинден продолжува утре, со свечен собир и положување цвеќе, како и концерт во Центарот за култура.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!