Поврзи се со нас

Гостивар

Собир во Гостивар во чест на 8 Септември: Овој празник потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и ни даваат сила и мудрост да продолжиме понатаму

Објавено

на

Државниот празник, Денот на независноста во Гостивар традиционално се одбележа со пригоден собир и положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Настанот секоја година го организира Општинскиот одбор на Сојузот на борци во присуство на свои членови, граѓани и претставници на политички партии.

Преку краток реферат се направи потсетување на историските моменти врзани со 8 Септември, со порака да се чуваат, негуваат и продолжуваат слободарските вредности, мирот и развојот.

„Настаните кои се случуваа на просторите на поранешна Југославија кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години во дваесеттот век, имаа силно влијание врз македонската држава и македонскиот народ. Процесот на конституирање на независна и суверена држава беше најприоритетното прашање. Референдумот за сувереност и независност се одржа на 8 септември 1991-ва година. Над 95% од граѓаните што излегоа на референдумот се изјасија за сувереност и независност. Резултатите беа потврдени на седницата на Собранието на Република Македонија на 17-ти септември, со што се исполни вековната желба на македонскиот народ за самостојна, суверена и независна држава. 8 септември претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живееле со мислата за слободна и самостојна држава. Денес, прославуваме 32 години независност, овој празник потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и ни даваат сила и мудрост да продолжиме понатаму кон мирот, напредокот и европската иднина“, нагласи во рефератот, професорката по историја Катица Аврамоска.

Одбележувањето продолжи со положување букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во градскиот парк и едноминутно молчење во знак на почит кон сите што ги дале своите животи за слободата.

Цвеќе положија делегации на Одборот на борци, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на општинската организација на СДСМ од Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена