Гостивар
Седум години Gostivarpress.mk – Вредно, професионално, со вистината напред, за Вас!

Драги наши читатели, соработници, поддржувачи, пријатели – Го споделуваме со Вас нашето задоволство и радост за 7 години постоење во медиумскиот простор. Токму на овој датум во 2016-та година Gostivarpress.mk започна со работа, со јасно зацртана мисија и визија на која остануваме максимално посветени: Професионално, објективно, неуморно и вистинито информирање за секојдневните настани, актуелните состојби, граѓанските реакции и проблеми, интересни животни приказни, успеси на различни полиња и сл.
Она што е многу значајно за нас, како организација која го создаде и расте медиумот, е освоената доверба на читателската публика, што ни е водечки мотив да одржуваме високо новинарско ниво и да продолжиме да се надоградуваме. Горди сме што отвораме нови врати кон патишта и можности за натамошен развој и вклопување во модерните текови во медиумскиот свет.
Низ годините Gostivarpress.mk технички се подобруваше и осовременуваше, покрај онлајн радиото и платформата за вработување Vrskazarabota.mk, изминатиот период воведовме неколку новини во работењето од кои би ги издвоиле: аудио верзија на поголемиот дел од вестите овозможена со помош на вештачка интелигенција и продукција на видео-емисии проследени со толкување на знаковен јазик, што се едни од ретко застапените во медиумите, сето тоа придонесе нашиот медиум да ја стекне довербата и кај респектабилни меѓународни организации од медиумската индустрија, со кои успешно соработуваме.
Седум години, без ниту еден ден пауза Gostivarpress.mk има објавено повеќе од 35.000 информации кои го привлекле вниманието на над 35 милиони посетители од сите страни на светот, обезбедувајќи го своето место меѓу 100-те највлијателни сајтови во земјата, инвестира во својот раст и развој, а со тоа и во донесување на вистината, отворање прашања од јавен интерес, отстапување простор за се‘ она што вреди да се истакне.
Продолжуваме во ист правец, напред!
Од срце ви благодариме за довербата!
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!