Поврзи се со нас

Македонија

Собранието ги изгласа законски измени за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д

Објавено

на

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.

Претходно Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка посочи дека неговата пратеничка група ќе гласа против законите за реализација на автопатите за коридорите 8 и 10д, за како што рече, да остане забележано и нотирано во историјата дека најголемиот проект на оваа Влада „е покриен и целосно исполнет со основни сомненија за злоупотреба и можен криминал од невидени размери со народни пари и дека сите овие постапки и процедури за носење на овие закони и договори ќе бидат внимателно анализиран, ревидирани и процесуирани до адекватните институции по промената на власта во Македонија“.

Владата на 5 мај усвои измени и дополнувања на пет закони поврзани со изградбата на коридорите и ги означи со европско знаменце, откако претходно опозициските пратеници ги блокираа законските измени што до Собранието ги предложи група пратеници од власта.

Аргументите на власта се дека со законските измени ќе се овозможи побрза, поефикасна и поевтина изградба на четирите автопатски делници на коридорите 8 и 10д, како и дека државата треба да ја заокружи изградбата на Коридорт 8 по неговото недамнешно впишување во мапата на европски коридори. Во тек на дебатата опозицијата го оспори поставувањето на европското знаменце, а образложение од власта за тоа побараа и од делегацијата на ЕУ во земјава.

Најмногу реакции во дебатата во Комисијата за европски прашања, како и на пленарната седница каде расправата заврши вчера предизвикаа измените на Законот за работни односи. Со нив се носи одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. – Поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија, има потреба тие да може да се спроведуваат и во недела. Работниците се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор. Исто така, работниците имаат право на дневен и неделен одмор, образложија од Владата.

Со измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги којшто е извршен кон инвеститорот од страна на стратешкиот партнер, како и прометот кон инвеститор за цели на проектот од овој закон.

Измените и дополнувањата на Законот за експропријација, пак, треба да овозможат поефикасна примена на Законот за експропријација за реализација на градби од стратешки интерес за државата, а измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, предвидуваат да се воведе нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката на донесување и спроведувањето на тој урбанистички проект.

Како посебен вид на градби, односно како градби од стратешки интерес се: државни патишта како градби чијашто изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), како и на железнички пруги и магистрални гасоводи, енергетски градби како и други инфраструктурни градби – утврдени како градби од јавен интерес. Изградбата на градбите од стратешки интерес е предвидено да се врши врз основа на урбанистички проект за градби од стратешки интерес, одобрен согласно Законот за урбанистичко планирање.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Левица: Билјана Ванковска собра 10.000 потписи за претседателската кандидатура

Здравје и убавинапред 9 часа

Промени во и околу очите кои укажуваат на проблеми со срцето

Македонијапред 10 часа

Во градежништвото најмногу слободни работни места

Македонијапред 11 часа

Извршителите не ја почитуваат одредбата за застареност на долговите

Гостиварпред 12 часа

Бочварски во Гостивар: Граѓаните заслужуваат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот

Македонијапред 13 часа

„Ова е неприродна ситуација и сериозен проблем“ – Зибери за состојбата со личните документи

Македонијапред 14 часа

Заврши мерката „гарантирана цена“ – Најавени засилени инспекции, но се бара и совест од трговците

Гостиварпред 16 часа

Очекуваме автопатот од Коридор 8 да биде готов во 2027-ма, изјави Џафери

Гостиварпред 17 часа

Џафери најави средба со жителите на Бањица за нивните барања околу експропријацијата за автопатот

Гостиварпред 2 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 3 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 4 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 4 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 5 дена

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена