Македонија
Собранието ја констатира оставката на Мемеди – тој на Ахмети и Заев им порача дека водат погубна кадровска политика

Собранието на денешната 104 седница ја констатираше оставката на Весел Мемеди, потпретседател на Парламентот и пратеник од редовите на НДП. Мемеди оставката ја поднесе откако со реконструкцијата на Владата, неговиот сопартиец, Сухејл Фазлиу остана без министерското место во локална самоуправа.
„Со самото разрешување на министерот Фазлиу, вие г. Премиере Заев, и вие г. Ахмети, како нова власт, ја потврдивте погубната филозофија во политиката за именување и разрешување на кадри. Вие господа, промените ги правите по мерка на јорганот! Според оваа мерка, логиката функционира на таков начин што една личност, во оваа институција може да не покрива нас, а да ги открива другите, додека другата личност, треба да биде разрешена бидејќи може да не` открие и да ни ја извади на површина целата наша нечистотија. Со ваква филозофија на државната кадровска политика, никако не може да има борба против организираниот криминал и корупција. Во целата историја, мафијата никогаш не се предавала пред дволични политичари и корумпирани службеници. Мафијата потклекнува пред правдата, чесните политичари и функционери. СДСМ треба веднаш да престане со копирање на лажната и трагичната филозофија што ја наметнала претходната власт, ако веќе не касно. Нека биде нашиот пример, порака за сите во државата да се разбудат, во спротивно тешко на државата!“, рече Мемеди во своето обраќање во Парламентот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош