Здравје и убавина
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки

Ако сакате набрзина да се наполните со витамини тогаш нема подобар напиток од сок од моркови. Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Во морето од модерни намирници и диетални суплементи ги подзабораваме основните намирници кои сите ги имаме на дофат.
Дознајте кои се придобивките:
Го подобрува видот
Речиси сите знаат дека ова е вистина: витаминот А не само што е моќен антиоксидант, туку и е важен извор на хана за очите. Недостатокот на витамин А предизвикува ноќно слепило.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Ова е особено важно во текот на сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и спортот, можете да пиете и чаша сок од морков, во која има многу витамин Ц, кој како што веќе знаете самото тело не е во состојба да го произведе.
Помага да не јадете нездрава храна
Кога нешто ви се јаде (најчесто од досада), најчесто посегнувате по бонбони или чипс. Но, ако наместо тоа пиете сок од морков, ќе се чувствувате сити подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 г протеини, така што ова е одлична ужина.
Ја подобрува состојбата на кожата
Благодарение на витамините А и Ц, кожата бргу зараснува, произведува повеќе колаген, а клетките стануваат здрави.
Помага при контролата на притисокот
Ако боледувате од хипертензија, сокот од морков дефинитивно ќе ви помогне. Калиумот помага во отстранувањето на негативните ефекти на солта и го држи притисокот под контрола. Калиумот исто така е добар и за срцето.
Помага при стомачни проблеми
Сокот од морков ќе ви помогне при надуеност. Ја намалува количината на гасови и помага во нормалното варење.
Го намалува холестеролот
Покрај притисокот, сокот од морков помага и при одржување на холестеролот што има благотворно дејство на здравјето на целото тело.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава