Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сокот од дренки е совршен за детокс, јакнење на имунитетот и здрави црева

Објавено

на

Познатата народна изрека „здрав како дрен“ не е случајно измислена. Дренките се синоним за здравје, затоа што содржат бројни витамини и минерали корисни за целиот организам.

Детоксификација – Редовното користење на сок од дренки ја подобрува работата на црниот дроб и на бубрезите, органи преку кои се преработуваат токсините. На тој начин се олеснува исфрлањето на отровите од телото и освежување на сите системи.

Имунитет – Дренките имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Овој витамин е познат  антиоксиданс и му помага на организмот во борбата против слободните радикали. Освен тоа, содржат цинк, калиум, магнезиум, железо…Несомнено е дека овие плодови или сокот од нив, можат да го окрепат телото од глава до петици, да му дадат енергија и сила да се бори со вирусите и инфекциите.

Здрави црева- Дренките се многу богати со танин, кој помага против дијареа и проблеми со варење на храната. Здрави црева значат добра основа за здрав организам, затоа, дури и да е само превентивно, не се двоумете и конзумирајте сок од дренки.

Како да подготвите сок од дренки?

1 кг. дренки

2 л. вода

1 кг. шеќер

Измијте ги дренките убаво и ставете ги да се варат, додека не омекнат (околу 20 минути). Потоа извадете ги од водата и испасирајте ги и на тој начин отстранете ги коските. Испасираните дренки ставете ги во газа и процедете убаво. Добиената течност измешајте ја со водата во која се вареа дренките, додадете го шеќерот и варете уште 20-тина минути.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена