Поврзи се со нас

Гостивар

Сомнеж за корупција за коридорите 8 и 10Д, Антикорупциска до ОЈО ќе достави анализа за постапувањата на државните органи при склучувањето на договорот

Објавено

на

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 99-та седница ја презентираше анализата на одлуките при носењето и склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д со Бехтел и Енка и донесе одлука таа да се достави до Основното јавно обвинителство за нивно понатамошно постапување.

Членот на ДКСК Катица Николовска, изнесувајќи го предметот, посочи дека од доказите кои што ги обезбедиле во текот на постапување, на некој начин ги натерало да направат анализа за состојбите и постапувањата на државните органи при носењето одлуки, при носењето на законот и склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д со Бехтел и Енка.

–  Меморандумот е потпишан, но јавно не е објавен досега. Потоа група пратеници поднесува предлог закон и по 15 дена се носи во Собранието. Тој се применува како „лекс специјалис“ и исклучува примена на други закони. Ваквото постапување на Владата упатува на усогласено постапување и низа активности со цел обезбедување незаконски поволности. Активностите на владини претставници согласно нивните наводи за склучување на договорот, може да се оценат како спротивни на законот за лобирање, изјави Николовска.

Ако се земе во предвид дека договорот за градење на 109 километри автопат во вредност од 1,3 милијарди е со ознака доверливо, Николовска посочи дека тоа отвора сомнеж за потенцијална корупција.

–  Договорот што го баравме од Владата со Бехтел и Енка по голем број преписки го добивме, но не целосно. Без голем број анекси.  Од таа причина не навлеговме во оценка на договорот во целост, изјави Николовска.

Постојат, нагласи Николовска, индиции за несоодветно и незаконско постапување на одредени лица.

Во делот на носење на законот немаме што многу да интервенираме. Мојот предлог е да ја усвоиме анализата од постапувањата на државните органи при склучувањето на договорот. Анализата да се достави до ОЈО за нивно понатамошно постапување. Знаеме дека постапуваат, пробавме, но не можевме да стапиме во контакт со нив. Анализата заедно со одлуката да биде објавена на нашата веб страна, појасни Николовска.

Анализата на ДКСК, како што беше посочено по нејзиното презентирање покажува дека постојат ризици од корупција, но дека засега нема ништо конкретно и дека надлежните институции треба да продолжат да го следат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 17 минути

Локален пороен дожд, грмежи и посвежо време

Спортпред 52 минути

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024

Македонијапред 17 часа

Во невремето во Скопје повредена жена, паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери

Гостиварпред 19 часа

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 20 часа

За половина година 43 кривични против дилери на дрога во Тетово и Гостивар, запленети марихуана, кокаин, хероин…

Македонијапред 20 часа

Не наседнувајте на измами со лажни покани за наводна истрага, апелира МВР

Гостиварпред 22 часа

Тешко повреден малолетник во несреќа на патот Гостивар – Кичево

Вестипред 23 часа

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

soob
Македонијапред 24 часа

Забрана за движење на тешки товарни возила за викенди и при екстремни температури

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена