Поврзи се со нас

Гостивар

Советот на Гостивар ќе одлучува за измени во планот за вработувања во општината

Објавено

на

По неколку месеци онлајн заседавање, Советот на Општина Гостивар повторно ќе се собере во општинската сала. Закажана е нова седница, во четврток (27 август), која ќе биде со физичко присуство.

На дневен ред се дваесетина точки од областа на финансии, буџет, урбанизам, образование и друго. Пред советниците ќе се најде и предлог за изменување и дополнување на Планот за вработување во Општина Гостивар за 2020-та година. Во документот се предвидуваат 58 нови вработувања, наместо првичните 45.  Од 58, три се однесуваат на унапредување на успешни административци, а едното е пополнување на работно место поради пензионирање. 16 места се за во Противпожарната единица. Останатите се во различни општински сектори.

Актуелно во општината се вработени 132 лица од кои 102 се Албанци, 22 Македонци, 6 Турци и 2 Роми.

На дневен ред на седницата во четврток ќе биде и одлука за формирање на градинка во состав  на Јавна Општинска Установа Детска Градинка “Детска Радост”, што се наоѓа во дел на објектот на ОУ “Мустафа Кемал Ататурк” во Долна Бањица.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена