Гостивар
Средношколците ќе протестираат – сакаат комбинирана, а не само онлајн настава

Унијата на средношколци во петок (28 август) ќе организира протестен марш против одлуката, наставата во новата учебна година да се одвива само онлајн. Средношколците бараат комбинирана настава.
„Дел од учениците да ја следат наставата од дома, т.е. онлајн, а останите физички да присуствуваат во училниците. Учениците да се менуваат на смени. Засилени хигиенски мерки, задолжително носење маски. Сметаме дека комбинираниот метод е најдобар и најефикасен поради повеќе причини“, велат од Унијата.
Протестниот марш во петок ќе се одржи во Скопје, ќе започне пред МОН, а ќе заврши пред Влада, каде учениците ќе ги пренесат своите ставови и барања за наставата.
Министерството за образование донесе одлука новата учебна година да почне онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение и за училишта со мал број на деца во одделенијата. И во овие два случаи, родителите имаат право на избор, дали ќе ги праќаат децата во училиште или ќе се определат за настават преку интернет.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!