Поврзи се со нас

Спорт

СП 2018: Хрватска и Англија „финале пред финалето“

Објавено

на

Селекцијата на Франција го чека својот противник во финалето на 21-то Светско првенство. Вчера ја совладаа селкцијата на Белгија и ја остварија целта со која пристигнаа во Русија, финале.

Влезниците за денешниот натпревар помеѓу Хрватска и Англија.

Англија и Хрватска се селекциите кои ќе се борат вечерва за големото финале. Еуфорија ја тресе цела Хрватска. Селекторот Далиќ направи одличен успех до сега, како и за досегашните натпревари и за овој изјави дека ден пред натпреварот го знае составот кој ќе истрча на терен, посебно респектирајќи ги селекторот и репрезенацијата на Англија во своите изјави. Хрватите се во полуфинале после 20 години, „коцкастите“ ги дели еден натпревар од историски успех, треба само да ја совладаат нацијата која го измисли фудбалот – Англија.

А таму пак, England Belongs To Me, Freed from desire, Rule Britannia, God save the queen, непрестано грмат низ цела Англија и насекаде кај што се англиските навивачи. Англија е во тотална еуфорија! „Ние можеме да го срушиме светот, само уште два натпревари“, „Англија полуде“, „Што може да тргне на лошо?“, „Донесите ја Хрватска“ ова се натписите на славните англиски весници: Mirror, The Sun, Independent и Times.

Англичаните во полуфинале се после 28 години. Герет Саутгејт го направи она што не успеаа многу пославни тренерски имиња од него. Го имаат вториот најмлад состав во историјата на англискиот репрезентативен фудбал. Ги имаат навивачите кои вчера повеќе часа го блокираа аеродромот во Лондон, брзајќи да не ги пропуштат летовите за Москва. Го имаат најдобриот стрелец на првентстото Кејн.

Во текот на вчерашниот ден за време на редовните прес-конференции, непозната личност предизвикал голема паника помеѓу присутните новинари со дојавата дека на стадионот „Лужники“ има бомба. Откако сите пристуни биле евакуирани, полицијата го пребарала целиот стадион, по што било утврдено дека се работи за лажна дојава и за кратко продолжиле со активностите.

Натпревар каков единствено може да донесе Светско првенство и ниедно друго натпреварување. И двете земји се фудбалски нации за кои вечерашниот натпревар е прашање на „живот или смрт“. Натпреварот се игра на Лужники стадионот во Москва.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена