Вести Гостивар
Спортските клубови од регионот на состанок со МВР – Законот за спречување на насилство и недостојно однесување, единствена точка на дневниот ред

Во рамките на планираните активности во период на започнувањето на новите првенства во фудбалските и кошаркарските лиги, вчера во Полициската станица Гостивар се одржа состанок со претставниците на фудбалските и кошаркарските екипи од поширокото гостиварско подрачје.
На состанокот, кој претставува редовна превентивно-оперативна практика на Секторот за внатрешни работи Тетово од областа на јавниот ред и мир, претставниците од спортските екипи поблиску беа запознати со формите и начините за успешно и безбедно организирање на натпреварите, како треба да функционираат нивните редарски служби, како да ги координираат нивните навивачки групи и друго.
Од страна на МВР, алепираа за доследно придржување на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари од клубовите, чии претставници се заложија за лична одговорност на секој кој ќе ги прекрши одредбите на овој Закон, клубовите да не се соочуваат со високи парични и други казни.
Посебно беа издвоени и прочитани казнените одредби со кои може да се сретнат организаторите, односно спортските клубови во случај на прекршување на одредбите од законот.
Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, со сите негови одредби и казнени мерки може да го прочитате ТУКА.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 19 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер