Поврзи се со нас

Гостивар

Стационарите за кучиња скитници во Гостивар паузирале поради пандемијата и изборите

Објавено

на

Третманот на кучињата скитници во Гостивар е во прекин извесно време. Двата стационари, каде се вршеше вакцинирање, кастрирање и чипирање на заловените животни паузираат со работа. Според објаснувањето на првиот човек на општината, Арбен Таравари поради пандемијата и изборите не биле во можност да ги продолжат договорите за ангажман на работниците.

Во меѓувреме, забележливо е зголемување на бројот на бездомни кучиња низ Гостивар.

„Гостивар е единствен град во западна Македонија кој има два стационара. За жал, поради изборите и пандемијата не бевме во можност да ги обновиме договорите на двајцата вработени таму, тие некое време издржаа без плата и работеа, потоа се откажаа. Минатата недела направивме нови договори и се надевам многу скоро повторно ќе ги активираме двата стационари. Сепак, таму ние можеме да згрижиме 200-300 кучиња, толку се капацитетите, а во градот има многу повеќе од тоа.“, вели Таравари.

Дел од проблемот, градоначалникот лоцира и во носењето на кучиња од други градови во Гостивар. Доколку полицијата го спречи тоа, ситуацијата ќе биде поинаква, нагласува тој.

„Имам впечаток дека се носат кучиња од други градови и тоа со помош на полицијата. Ние претходно имаме и снимки направено, како со камион се растоваруваат кучиња во Гостивар и тие снимки ги доставивме во полиција, меѓутоа за жал ништо не се презема во врска со тоа. Ние можеме да делуваме преку стационарите, но не можеме да спречуваме носење на кучиња од други градови. Тоа е работа на полицијата“, изјави градоначалникот.

Во двете прифатилишта за бездомни животни до сега биле истретирани околу 700 кучиња.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена