Гостивар
Старото училиште во Тресонче ќе стане мултифункционален културен центар

Општина Маврово и Ростуше информираше дека добила проект за реконструкција на стара училишна зграда во село Тресонче, родното село на познатиот Дичо Зограф, која ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар.
„Со вакви инвестиции ќе создадеме соодветни услови каде што ќе се одржуваат бројни културни настани и ќе се привлекуваат повеќе посетители и туристи кои ќе се запознаваат со културата, историјата и убавините на нашата општина“, вели градоначалникот Медат Куртовски.
Според објавата на Министерството за култура, во Програмата на Владата за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа за оваа година обезбедени се 40 милиони денари.
Се поддржуваат девет проекти кои обезбедуваат рамномерен развој на државата и се инвестиција за развој на културата низ целата земја.
„Маврово и Ростуше во село Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри. Културниот центар во Валандово ќе се санира, а со тоа се обезбедуваат современи услови за работа, инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка и културна дестинација. Започнуваме проекти за реконструкција и адаптација на зградата на Центар за култура Крива Паланка, како и за почеток на изградба на дом на култура во Општина Чашка“, објави министерството.
Се додава дека се продолжува со реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, како и со изградбата на Домот на културата во село Куклиш, Струмица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог