Гостивар
Света литургија во Гостивар во чест на Собор на сите Македонски Светии
Во чест на празникот Собор на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар утрово беше отслужена Света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше неговото вископреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.
Како што соопштија од тетовско-гостиварската епархија, во пригодната беседа пред верниците, митрополитот г.Јосиф потсети дека иако сите светители имаат свои празници, денешниот ден е за заедничко сеќавање на сите нив кои придонеле за афирмација на христијанството на овие простори и на нивната големина и делата кои треба да ги паметиме и слававиме. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата, рече владиката.
На крај од литургијата верниците се причестија со светите тајни.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар