Поврзи се со нас

Гостивар

Света Литургија за Митровден во црквата “Св. Димитриј” во Гостивар

Објавено

на

Утрово, (8 ноември 2023), во храмот “Св. вмч. Димитриј” во Гостивар, со чиноначалствување на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф беше отслужена света архиерејска Литургија по повод светиот великомаченик Димитриј Солунски, кој се прославува на овој ден, низ народот уште познат како – Митровден.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниот народ со вдигање на својата пригодна беседа, истакнувајќи го значењето на Св. Димитриј и неговиот живот како пример за секој православен христијанин:

„Денеска прославуваме еден голем маж на светата Православна црква. Маж кој својата вера ја посведочил со мачеништво. Тоа е светиот великомаченик Димитриј, Солунскиот чудотворец. И ние да се поучиме од Димитриевиот живот и да направиме добри дела како неговите, кои ќе сведочат за нас и нашата вера и праведен живот. На овој ден – Митровден е и погодна прилика да се запрашаме дали и како живееме христијански? Дали го сведочиме Христа? – Мерило за тие прашања нека ни биде животниот пат на денешниот светител. Тој пат е одличен пример за тоа како треба да живее еден православен христијанин, како треба да го сведочи Христа Бога. Секој од нас е повикан да биде сведок на Христос, како што бил и светиот Димитриј, кој сведочел за Бога и за вистината борејќи се сѐ до смртта, така што пролевајќи ја сопствената крв оставил сведоштво за „тајната на побожноста“ (1 Тим. 3,16). Тие сведоци што го дале и загубиле својот живот за верата ние ги нарекуваме маченици, а мачеништвото, драги браќа и сестри – е крајниот настан преку кој христијанинот сведочи за верата во Христос. А да се биде сведок Христов треба постојано да се биде подготвен за жртва и сведоштво по примерот на Христос. Христовата жртва и сведоштва треба да се наш редовен потсетник за тоа што вистински значи да се биде христијанин. А да се биде вистински христијанин значи да се биде добар верник, кој живее според верата и според православните прописи и преданија. Нека овој голем светител Димитриј, биде наш заштитник пред Бога и молитвеник за сите нас, а ние да не престанеме во нашиот живот, живеејќи христијански на дело да сведочиме за вистинската вера во Христа на мачениците. Да се сведочи и да се живее христијански не е воопшто помало мачеништво, а маченик е секој кој живее на Христов начин, односно еден богоугоден и христијански живот. Големите страданија и жртви – носат и големи радости, затоа и сите ние да се трудиме да правиме жртви и духовни подвизи, да се распнуваме со Христа, за да и воскреснеме во Неговото царство, сега и секогаш и во сите векови“.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена