Вести
Светски ден на водите – скоро 700 милиони луѓе без чиста вода за пиење
„Без вода нема живот“ е нешто што децата го учат од мали нозе, но целта на Светскиот ден на водите, 22 март е да се сврте вниманието на јавноста за важноста од обезбедување чиста вода за пиење и чување на водните ресурси. Денот е прогласен на иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во 1993 година.
Водата мора рационално да се користи, затоа што фактите зборуваат дека само 1% од водата на целата земјина топка е употреблива за пиење.
Извештајот на УНИЦЕФ укажува на заканите по животот и благосостојбата на децата предизвикани од намалените извори на безбедна вода за пиење. Според анализите, едно од четири деца во светот, до 2040 година ќе живеат во подрачја со екстремно ограничени водни ресурси. Триесет и шест земји во моментов се соочуваат со екстремно висок недостиг на вода, кој настапува кога побарувачката е далеку над достапното обновливо количество. Повисоките температури, порастот на нивото на морињата, големите поплави, сушите и топењето на мразот влијаат врз квалитетот и достапноста на водата, како и врз водоводните системи.
Исто така, во извештајот стои дека над 660 милиони луѓе во светот немаат пристап до соодветни извори на вода, а над 800 деца на возраст до пет години секојдневно умираат од дијареја поврзана со неадекватна вода, санитација и хигиена.
Годинава посебен акцент се става на отпадните води, а кампањата “Зошто отпадни води?”, се однесува на намалувањето и повторната употреба на отпадните води. „Можностите за искористувањето на отпадните води како ресурс се огромни. Безбедното управување со отпадните води е прифатлив и одржлив извор на вода, енергија, хранливи материи и други обновливи материјали“, се вели во една од пораките по повод Светскиот ден на водите
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди