Гостивар
СВР Тетово го одбележа Денот на македонската полиција со повеќе активности
Секторот за внатрешни работи Тетово денеска пригодно го одбележа Седми мај, Денот на македонската полиција. Утрово, во дворот на објектот на СВР, беа засадени нови украсни дрвца, а се поднови и осветлувањето во тој простор. Во текот на денот, началникот Амир Далипи, со соработниците и колеги го посети Полицското одделение во Жеровјане. При посетата, на ова Одделение му беше предадено возило од Агенцијата за управување со одземен имот, што ќе се користи во извршување на секојдневните професионални задачи.
„Во Полициското одделение Жеровјане, се заокружи комплетната реконструкција на објектот, која започна во првите месеци од оваа година. Во рамките на истата беа заменети со нови сите врати и прозорци, подот во објектот и се друго во внатрешноста, се огради објектот, а беа обликувани и нови бекатонски патеки за пристап. Со тоа, сега значително се подобрија вкупните просторни и други услови на вработените и граѓаните од тој регион.“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград