Поврзи се со нас

Вести

СВР Тетово: Планинарите да го пријавуваат движењето за да се избегнат последици

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до љубителите на белите спортови и планинарењето, особено до странските државјани, доколку планираат  искачување на планинските врвови или скијање, поединечно или групно, да се пријават во најблиските полициски станици или одделенија.

„При пријавувањето, пожелно е да информираат каде ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку има потреба, да им се помогне. Во одредени ситуации мошне значајна е секоја минута, особено при неповолни временски состојби и на тешко достапни терени, на кои објективно нема можност за воспоставување телефонски контакт или друга комуникација со изгубените лица“, наведуваат од полицијата.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, минатиот и овој месец биле пријавени неколку заталкувања на поединци на планински предели. Тие поради непознавање на теренот или неповолни временски прилики, се изгубиле и не можеле да се вратат назад.

Изгубените биле пронајдени и безбедно вратени со потраги реализирани од полициски службеници во координирација со други служби.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 21 минута

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 4 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 5 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 6 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 7 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 18 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 20 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 24 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена