Вести
Ќе поевтини ли таксата за летни тераси во Гостивар?
Дали угостителите на подрачјето на Гостивар во иднина ќе плаќаат пониски цени за користење на јавни површини како летни бавчи на своите локали?
Предлогот за намалување на цените беше ставен на дневен ред на последната седница на Советот на општина Гостивар, од страна на советникот Телат Фетаи од движењето БЕСА. Тој образложи дека споредено со ваквите надоместоци во другите градови низ Македонија, Гостивар има највисоки цени, дури и во однос на туристичките градови.
„Актуелните цени во Гостивар се 10, 8 и 5 денари за метар квадратен, зависно од зоната во која се наоѓа локалот, прва, втора и трета. Во Охрид на пример, град кој е летен туристички центар, цената за метар квадратен е 7,5 денари. Има поплаки од угостителите кои сметам дека се оправдани и затоа предложив корекција на цените. Конкретно да бидат 7, 6 и 5 денари.“, рече Фетаи.
Предлогот, сепак не беше изгласан во таа форма. Советниците од мнозинството дебатираа дека најпрво е потребно да се направи анализа како и колку намелувањето на цените за летни бавчи ќе влијае врз општинскиот буџет. На крај беше усвоена одлука, администрацијата да направи анализа и да ги одлучи дали има услови за поевтинување.
Фетаи изрази незадоволство од ваквиот исход. „Тоа што мнозинството донесе таква одлука, а не гласаше за намалување на цените е само начин проблемот да не се реши“, искоментира предлагачот.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград