Поврзи се со нас

Гостивар

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Објавено

на

Дванаесетгодишната Тамара Грујеска е избрана за претставник на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023.

Македонската радио-телевизија соопшти дека ја избра малата талентирана гостиварка по одржана аудиција, а на натпреварувањето таа ќе биде поддржана од авторски тим од реномирани уметници. Јуниорскиот Евросонг ќе се одржи на 26-ти ноември во Ница, Франција.

„Првите почетоци во светот на музиката Тамара ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кои ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари.“, стои во официјалната објава на Евровизија Македонија.

Тамара има бројни успеси на музичко поле: највисока награда Гран При на Интернационален музички фестивал  во Русија, лауреат прв степен на Фестивалот “Езерски Бисери” во Струга, Гран при на интернационалниот Фестивал “Ѕвездички” во Прилеп и Гран при на Фестивалот “Шкољкице” во Нови Сад, Србија, гран при на меѓународен фестивал во Белград, Србија итн…

Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“ – Гостивар во седмо одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“.

Има издадено две песни: „Музиката во мене има дом“ и „Имам сила“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена