Гостивар
Таравари на средба со шефицата на ОДИХР
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес во својот кабинет ја пречека Тана Де Зулуета, шефица на Набљудувачката мисија на ОДИХР во нашата земја, која беше во придружба на двајца долгорочни набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, Валдемар Урубан и Вероник Ласер-Фи.
„Ги информирав претставниците на ОБСЕ/ОДИХР за политичката состојба во општина Гостивар во пресрет на локалните избори, изразувајќи уверување дека изборите ќе бидат слободни, фер и демократски. Исто така, разговаравме за проектите кои ОБСЕ ги спроведува на локално ниво, за обука на општинските советници и администратори.
Инаку, гостите подвлекоа дека 20 долгорочни набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР се на терен за да го набљудуваат процесот на подготовка за изборите на 17 октомври. На мисијата, на денот на изборите, ќе им се придружат уште 250 краткорочни набљудувачи“, се наведува во изјавата на Таравари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Интервјупред 3 месеци
Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената