Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Пожарот на Русино беше подметнат

Објавено

на

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари изјави дека големиот пожар на депонијата Русино од пред околу три недели, бил намерно предизвикан. Тој нагласи дека централната власт, иако ги има ингеренциите за регионалните депонии во свои раце, доцна се вклучила со гаснење на огнот.

„Некој го подметна пожарот на депонијата Русино, тоа е сигурно. Пожарот не беше на едно место, туку на повеќе места на депонијата. Кој и зошто тоа го направил, нема да навлегувам. Но, едно е евидентно, ингеренциите за регионалните депонии веќе година и половина ги има Владата, општините немаат никакви ингеренции. Гореше голем пожар, а ние 24 часа немавме никаков одговор од Владата. Јас бев во дирекна комуникација и со премиерот и со генералниот секретар и само ни кажуваа убави зборови, дека екипи ќе стигнат, ќе дојдат, планираат, ќе биде. Дури откако поминаа 24 часа, на денот на празникот Бајрам ангажираа фирма, веќе кога Тетово и Гостивар успејаа да го исконтролираат до некаде огнот. Им благодарам и за толку, а во оваа прилика би сакал јавно да и се заблагодарам на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која беше единствена која заедно со Општина Гостивар, веднаш реагираше да се среди пожарот.“, изјави градоначалникот.

Таравари јавно побара од Владата, или да ги врати ингеренциите за депониите кај општините, односно Центрите за плански развој или да најде трајно решение за нивно уредување и одржување според стандардите.

Градоначалникот денес, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникчата на Тетово, Теута Арифи ја промовираа првата фаза од асфалтирањето на патот до депонијата Русино.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 9 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 12 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 14 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 16 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 17 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 18 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 19 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 20 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 21 час

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена