Гостивар
Таткото на Амбла реагира: Не е точно дека има и аутизам и дека е агресивна

По изјавата на градоначалникот Арбен Таравари, дадена по средбата што се одржа денес во Општина Гостивар, со реакција излезе таткото на Амбла, Илир Адеми кој демантираше дека девојчето, освен Даунов синдорм има и аутизам и дека било агесивно меѓу соучениците.
„Не е точно дека во извештај е наведено дека Амбла освен Даунов синдорм има и аутизам, еве ги имаме сите резултати и целата медицинска документација овде. Во ниту еден медицински извештај не пишува дека има аутизам. Во извештајот на Комисијата за категоризација пишува дека Амбла има Даунов синдорм и тоа во полесна форма, не средна, не тешка. И не е точно дека е агресивна или дека повредила некое дете. Тоа може да го потврди и личната асистентка која е ангажираната за Амбла и е со неа во училиштето. Бараме од градоначалникот да ја повлече таа изјава затоа што ние имаме документи со медицински објаснувања и докази. Инаку, на средбата во општината денес не бевме, затоа што во посета за поддршка ни дојде претседателот Пендаровски.“, рече Адеми.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022