Поврзи се со нас

Гостивар

Течат подготовките за Меморијалниот марш „Ласкарци 2021“

Објавено

на

Како што веќе најавивме во сабота (13 февруари) на двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци ќе се одржи Меморијален марш во спомен на жртвите. Во тек се последните подготовки за настанот, кој го организират повеќе спортски клубови, под покровителство на Општина Гостивар.

„Меморијалниот марш го организираме и годинава иако сме во вонредни услови поради пандимјата со Ковид-19. Лани, маршутата од Ласкарци до Гостивар на растојание од околу 50 километри се покажа дека малку потешка, па затоа годинава ја скративме планираната патека, но без да губи од симболиката. Значи, маршот ќе треба да започне кај наплатна рампа Тетово и ќе заврши на градскиот плоштад во Гостивар со симболична церемонија со светлосни ефекти во спомен на 16-те жртви. Посебно внимание ќе посветиме на безбедноста, како во однос на движењето во сообраќајот, така и во смисла на заштита од Ковид-19, строго почитувајќи ги протоколите за јавни настани на отворен простор.“, појасни Замир Мустафаи, еден од иницијаторите упатувајќи благодарност до  Општина Гостивар, за финансиската и моралната поддршка, и на Секторот за внатрешни работи – Тетово за соработката и асистенцијата.

„За учесниците ќе обезбедиме превоз, маици и маски со логото на маршот, средства за дезинфекција, вода, освежувачки пијалоци и храна. Ќе имаме и 2 автомобили што цело време ќе го следат маршот, како и 2 професионални планинарски водичи. Преку овој настан сакаме да ги сензибилизираме сите учесници во сообраќајот на патиштата, како и да испратиме порака до надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата за да никогаш повеќе не ни се повторат вакви трагедии. Со обележување на овој ден, да се солидаризираме со граѓаните на Гостивар и семејствата на жртвите и да ја замениме оваа болка со активност во која доаѓа  до израз спортот, здравјето, хуманоста и цивилизираноста.“, нагласи Мустафаи.

На 13 февруари 2019-та година, автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16 часот и 15 минути со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена