Вести
Течат последните рокови за електронска регистрација во УЈП
Граѓаните кои во текот на 2018 година оствариле приход од плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, имаат обврска до 31 декември да се регистрираат за е-персонален данок.
Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име (user name) за ваша најава на системот e-pdd.ujp.gov.mk и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи.
„Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира вашето Барање за регистрација на системот е-персонален данок, кое треба да го испечатите и да го поднесете во надлежната даночна канцеларија на УЈП, при што треба да дојдете лично вие и да приложите документ за идентификација или пак да дојде лично вашиот полномошник и да приложи документ за негова идентификација и полномошно заверено на нотар. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира вашата регистрација на системот е-персонален данок“, стои во соопштението на Управата за јавни приходи. УЈП потоа на мејл ќе им ја достави на граѓаните годишната даночна пријава најдоцна до 30 – ти април, а тие ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците најдоцна до 31 мај. Доколку тоа не го сторат, даночната пријава ќе се смета за прифатена.
Пензионерите кои не остваруваат дополнителни приходи, за сега немаат обврска да се регистрираат во системот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград