Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Тортата која го залуди интернетот

Објавено

на

Претходнитве денови како ретко кога се води расправаа на интернет по социјалните мрежи за кремастата тортата која малкумина остави рамнодушни. Тортата е толку многу кремаста што корите едвај се приметуваат, испаѓа многу голема, но и брзо ја снемува бидејќи оваа торта е повкусна од било која друга. Ви го пренесуваме рецептот.

Потребни состојки се:

За три кори:
3х5 белки
3х10 лажици шеќер во прав
3х5 лажици мелени ореви
3х2 лажици брашно

За фил:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
9 лажици брашно
250гр шеќер во прав
250гр маргарин/путер
150гр мелени ореви

-малку млеко за да се потопат оревите
-200гр чоколада
-3 кеси шлаг крем од ванила
-200мл млеко или минерална вода за шлаг кремот

Подготовка:

Кори: Направете три кори од 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Брашното и оревите помешајте ги, ставете ги во изматените белки со шеќер. Печете на 180 степени околу 20 минути. Откако ќе се испечат покријте ги со крпа додека го подготвувате филот.

Фил: 7 жолчки помешајте ги со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и оставете ги да се варат во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250гр шеќер во прав. Посебно на страна изматете 250гр маргарин, па измешајте ги со изладениот крем и со изматените жолчки и шеќер. 1/3 од филот ставете мелени ореви потопени во топло млеко (потребно е само малку млеко за да биде кашесто). Во останатите 2/3 од филот ставете 200гр стопена чоколада.
Изматете 3 шлаг крем од ванила со млеко или кисела вода и филувајте на следниов начин: кора, шлаг, темен фил, кора, шлаг, бел филм, кора, шлаг, темен фил. На крај ставете шлаг преку целата површина на тортата. Внимавајте на сечењето, бидејќи поради состојките таа има мека структура.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена