Вести
Трагичен случај во Лазарополе – Работник го загубил животот
Педесет и тригодишен државјанин на Албанија вчера починал по несреќа при сечење на дрва со моторна пила, во шума во атарот на селото Лазарополе, во месноста „Јама“. Според инфромациите од полицијата, врз главата на албанскиот државјанин К.Ц. паднала гранка и му нанесла тешки телесни повреди, од кои веднаш загубил свест.
„Набрзо, повредениот со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, по што пренесен е во Охридската болница „Свети Еразмо“, каде ноќеска околу 2 часот им подлегнал на задобиените повреди“, соопшти СВР Тетово.
Работникот бил ангажиран преку приватна струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид и се работи на расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар