Гостивар
Три дами од Гостивар откриваат како пандемијата им влијаеше врз животот

Земајќи го како повод датумот 19 март, ден на кој лани беше потврден првиот корона позитивен пациент во Гостивар, побаравме од три дами да ни откријат како ковидот им го промени животот, успеале ли да научат некои работи изминатата година дена, што најмногу им недостига и слично.
Дафина Стојаноска, пратеничка:
Мислам дека пандемијата влијаеше врз животот на секој човек, без разлика на возраст, на пол, на професија и било каква определба. Мислам дека многу работи ги научивме – најпрво дека треба да се згрижиме, не само за сопственото туку и за здравјето на нашиот близок, семејството, колегата, соседот. Дека треба да се однесуваме доста поодговорно, да внимаваме и да го почитуваме она што ќе се пропише како закон, како правило, уредба бидејќи без нашите морални обврски и одговорности, гледаме што се случува. Мислам дека треба многу посериозни да бидеме, ова не е нешто што се случувало во минатото и со кое сме имале пракса. Ново е и многу е сериозно, опасно, однесе многу жртви, многу луѓе починаа и од Гостивар. Лично многу ми се промени животот. Мене пандемијата ме затекна во период кога Парламентот беше распуштен, и напочеток, да бидам искрена малку и ми годеше, што останав дома, бидејќи долго време не сум се нашла во состојба да можам да поминувам повеќе време во мојот дом, со моето семејство и таа промена ми дојде добро. Но, општо за социјалниот живот, за психичката состојба мислам дека кај сите влијаеше негативно. Сепак, ете некако се вративме на тие семејни, традиционални вредности, се потсетивме на тоа дека семејниот ручек, не е само ручек, туку кога се собира семејството значи нешто многу повеќе. Затоа велам, во секое лошо да се гледа и добрата страна.
Шпреса Усеини, директорка на ООУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар
На сите нас ни недостига времето кога слободно ќе си седневме на кафе со пријатели, без маски, ќе се поздравевме со ракување, како што сме правеле цел живот. Ништо не е онака како што беше, но мора да се навикнуваме и да почитуваме мерки, заради здравјето на сите. На децата најмногу им недостига социјализацијата, присуството во училиштето, дружењето и мислам дека оваа ситуација многу негативно им влијае. Образованиот процес е многу тежок, кога треба да се организира со онлајн настава. Училиштето не може ништо да го замени. Почетокот на пандемијата за нас беше многу тежок, не знаевме ништо за вирусот, само бевме информирани дека како училишта ќе треба да работиме под посебни протоколи, носење на маски, често миење раце, дезинфекција и што повеќе да ги намалиме и приватните контакти. Со тек на време пак, гледаме, дека и тоа многу не влијае, дека најважно е да ги добиеме вакцините и сите ние да можеме да ги извршуваме нашите обврски во нормални услови. Не е исто наставата да се одржува од дома, и да се одржува од училиште. Училиштето е местото каде треба да бидат секој ученик и наставник присутни. Голем број родители и семејства знаат дека сакале-не сакале, онлајн наставата ќе продолжи до крај на годината, но тоа не значи дека сме ги исполниле сите услови и дека учебната година ќе ни биде 100% како што треба реализирана. Како што е во случај со физичко присуство.
Арта Биљали Зендели, пратеничка:
Најлошата страна и најтемната на оваа пандемија е што се шири низ цел свет, никој не е поштеден од ковид -19. Сите луѓе подеднакво се загрозени, сите чувствуваат страв, но од друга страна пак, учиме дека сите сме еднакви. Пандемијата не штедеше никого, ни развиените, ни неразвиените, ни земјите во развој. Тоа е една лекција која современата цивилизација треба да ја научи, дека во одреден момент без разлика кои сме, каде живееме, како живееме сите може да бидеме загрозени од една иста работа. Што се однесува лично до мене, за среќа до сега сум успеала да го сочувам здравјето, ги почитувам мерките колку е што можно повеќе, ете можеби и самиот имунитет на организамот има улога за тоа. Но, сепак ништо не е исто, пандемијата наметна многу ограничувања. Најмногу што ми недостигаше мене во време на забраните за групирање на луѓето, беа амфитеатрите полни со студенти. Работевме онлајн, но тоа не е тоа. Кога предаваш истовремено им читаш од очите на студентите дали разбираат или не, а онлајн предавањето се далеку од тоа. Исто така, неубаво ми паѓа што кога одам да ги носам децата во училиште, во најголемото училиште во градот гледам дека нема ни 20 ученици и тоа навистина боли. Се надевам дека што побргу ќе излеземе од оваа пандемија, се надевам дека луѓето сфатија кои се препораките, што треба да правиме, за ако сосема да исчезне барем да се стави под контрола вирусот. Да бидеме свесни дека треба носење маска, држење дистанца и лична хигиена.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила