Направете си сокови и извршете детокс на организмот.
Повремената детоксикација на организмот е многу здрава, бидејќи така го чистиме организмот од внатре, од системот за варење па сѐ до крвта и сите ќелии во организмот. Доколку само неколку оброци бидете на детокс соковите, многу брзо ќе ги видите придобивките на својата кожа која ќе биде почиста, косата посјајна, а вие ќе имате многу повеќе енергија.
Детоксикацијата го зајакнува имунитетот и ги отстранува сите токсини од организмот, а може да ви помогне и да ги отстраните вишокот килограми. Со природните сокови од овшје и зеленчук кои ќе ги подготвите дома, можете многу успешно да прочистите своето тело и да му дадете нова виталност и поздрав изглед. Благодарение на овошјето и зеленчукот вашето тело ќе биде обезбедено со витамини и витални елементи. Детоксот со сокови е одличен, бидејќи организмот полесно ги вари и апсорбира здравите нутриенти од овошјето и зеленчукот кога се во течна состојба.
Ви претставуваме три рецепти за домашни детокс сокови. Ако имате хронични заболувања задолжително да се посоветувате со лекар околу детоксикацијата на вашиот организам со сокови.
Сок од Ѓумбир
2 стебленца целер
1/2 свежа краставица
1,5 cm ѓумбир
1/2 чаша јаглика
1/2 лимон
1 зелено јаболко
2 филџани свеж спанаќ
Сок од цвекло
1 цвекло
2 моркви
3 стебленца целер
1/2 лимон
1 cm ѓумбир
1 зелено јаболко
Сок од портокал
малку куркума
4 моркови
1 cm ѓумбир
1 портокал
1/2 лимон
3 стебленца целер
Во сите три варијанти, по желба, може да додадете вода или мраз и сите состојки добро измиксајте ги во блендер.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK