Гостивар
Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: Делото на Кирил и Методиј е наднационално и не може да се присвојува

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар вечерва организираше трибина посветена на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, од каде беше испратена заедничка порака – „Да се чува нивното дело и да се пренесува на идните генерации“.
„Чествувањето на Кирил и Методиј е многу значајно. Овие учени момчиња ја создадоа азбуката и писмото, кое е наше најголемо богатство. Зашто во кодот на еден народ се буквите, јазикот, историјата, обичаите. Народ без корени е како дете без мајка. Затоа сите ние заедно да си го сочуваме најсветото наше, нашата историја и јазик. Зашто нашиот јазик, нашето минато е посакувано денес од нашите соседи кои сакаат да си ги присвојат нашите белези и нашиот идентитет, нашите херои и творци. Но, ние цврсто стоиме на нашето и сите заедно треба да бидеме единствени“ кажа претседателката на Унијата на жени, Анета Ќироска.
Историчарот Димитар Димески, во своето излагање се фокусираше на значењето на делото на светите Кирил и Методиј како просветители и ликови кои го ширеле христијанството, нагласувајќи дека нивното делување било цивилизациско и наднационално.
„Сите знаеме дека во последните години нашата соседна држава од исток се обидува да го претстават делото на Кирил и Методиј како дело што претставува ексклузивитет на еден народ, на нивниот народ, и како дело кое може да се стави во политички контекст. На некој начин, тоа што го прави бугарската историографија е контраст на сето она што биле светите Кирил и Методиј. Нивното дел е со наднационален, епохален карактер и не може да се присвојува. Ние како нивна колевка не можеме од наша страна да го национализираме, но и нема да дозволиме некоја друга држава да го прави истото“, потенираше Димески.
На трибината обраќање имаше и претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, со пораки за вреднување и чување на јазикот и идентитетот како обврска на сите генерации.
На настанот имаше и видео презентации и музички дел.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж