Поврзи се со нас

Гостивар

Трибина за превенција на рак на дојка во Гостивар: Секоја жена заслужува да живее!

Објавено

на

Жените да обрнат поголемо внимание на своето здравје, да вршат редовни контроли, како и самопреглед, за да не станат жртви на карцином на дојка. Ваква порака беше испратена од трибината којашто се одржа во Гостивар, по повод месецот на борба против оваа болест. Настанот го организираше Општина Гостивар, во соработка со невладината „Меѓународен клуб на жени“, со цел да се подигне свеста кај припадничките на понежниот пол за редовни прегледи.

Раното откривање на ракот е клучно во третманот и излекувањето на пациентките. „Сакаме да ги сензибилизираме жените по ова прашање, да ги имаат потребните информации за болеста, да реагираат навреме. Секоја жена заслужува да живее! Секоја  жена го познава своето тело и ги препознава промените. Добро е кога ќе забележи промени, да се обрати кај својот матичен лекар, кој ќе ја упати понатаму што треба да направи.“, порача Афердита Хамза од Општина Гостивар.

Искуството на лекарите покажува дека болеста најчесто не се открива навреме, а тоа е поради менталитетот и недоволното едуцирање на жените. Во борбата против карциномот на дојка, како и кај другите болести важни се здравите навики, практикување на физичка активност, правилна исхрана, избегнување на козметички средства полни со хемикалии…

Присутните на трибината имаа можност да слушнат и професионални совети од нутриционист, психолог и лекар.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Спортпред 7 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 24 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 1 ден

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 1 ден

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена