Вести
Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа во пик на КОВИД-заразата. Одлуката за одложен почеток на второто полугодие завчера ја донесе Владата по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на седница вчера таа го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.
Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158.
-Со одлуката се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година, соопшти Владата по седницата.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера изјави дека за приспособувањето на наставните планови, согласно владината одлука, МОН е веќе во координација со Бирото за образование и наука.
Тој апелираше до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, во домашни услови и на отворено.
-Со цел да го зачуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата, рече Шаќири на првата прес-конференција на новата министерска функција.
По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.
Летото беа испланирани три сценарија за реализација на учебната година – настава со физичко присуство како прво и најпосакувано, настава на далечина и комбинирана настава со ротирање на групи од иста паралелка.
Во повеќе наврати претходната министерка Мила Царовска информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека настава со физичко присуство ќе се применува сѐ додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.
Според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, до крајот на првото полугодие (30 декември 2021) процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.
Во својата последна изјава во својство на министер за образование и наука минатата среда Царовска укажа дека МОН е во координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и ќе се одлучи за начините и формите на функционирање на образовниот систем, дека тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија.
Притоа нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, рече, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.
Претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција ДиЏовани, вчера во пишана изјава до медиумите нагласи дека одложувањето на наставата треба да биде привремено зашто во најдобар интерес на децата е да бидат во училниците. Повторното отворање на училиштата треба да биде приоритет за целата држава, нагласи таа, посочувајќи дека децата се соочуваат со поголеми ризици кога се надвор од училиште отколку во училиште.
-Додека земјата минува низ уште еден бран на инфекции со КОВИД-19, сè почесто предизвикан од сојот омикрон, најдобриот интерес на детето мора да има централно место при секое одлучување дали училиштата да останат отворени. Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде привремена мерка и да се вложат сите напори децата да се вратат во училниците, нагласи ДиЏовани.
Пртетставничката на УНИЦЕФ смета дека превентивните мерки во училиштата се ефикасни и дека физичкото присуство на настава во училиште се чини не е главниот двигател на ширење на инфекцијата.
-За последниот месец од наставата во 2021 година податоците покажуваат многу ниска стапка на заразување со само 0,01 процент нови случаи дневно кај учениците и 0,03 проценти кај наставниците. За споредба, во двете недели кога училиштата беа затворени за зимски распуст, бројот на новозаразени случаи кај сите возрасни групи се зголеми за четири пати, од приближно 2600 на 11 000 потврдени позитивни случаи. Овие сознанија треба да ги искористиме за да направиме сè што можеме да ги одржиме училиштата отворени и децата безбедно да следат настава во училниците, наведе ДиЏовани.
Прашувајќи што кажува за нашите приоритети ако училиштата се затворени, а другите јавни места остануваат отворени, таа предупреди дека уште еден бран на затворање училишта би бил катастрофален за децата зашто, како што посочи, и пред пандемијата на КОВИД-19 Северна Македонија веќе се соочуваше со криза во учењето и повеќе од половина од сите петнаесетгодишници во земјата не успеваа да ги достигнат основните нивоа на вештини за читање и математика.
-Северна Македонија веќе имаше најдолготрајно затворање на училишта во регионот, кога училиштата во земјата беа затворени вкупно 54 недели, во споредба со просекот од 24 недели во регионот на Европа и Централна Азија. Повеќе од 60 отсто од наставниците изјавија дека бројот на ученици што имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми се зголемил во овој период. Долготрајното затворање на училиштата на ниво на целата држава, ограничените ресурси за учениците, наставниците и родителите и немањето пристап до далечинско учење го уназадија деценискиот напредок во образованието и го направија детството непрепознатливо, истакна претставничката на УНИЦЕФ.
Отворени огласи за вработување:

Истражувања: Парите може да купат поквалитетен живот, но не и среќа

Финале во Лигата на шампионите: Реал или Ливерпул, Анџелоти или Клоп?

ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите

Внимателност заради силното невреме и можни опасни порои викендов, апел од ЦУК

Генерацијата ‘68/‘72 од гимназијата во Гостивар прослави половина век од матура

Наталитетот зголемен во земјава, но природниот прираст и натаму негативен

Во Леуново за првпат во Македонија ќе се одржи трка на терен со пречки „Leunovo OCR“

Можно е поскапување на струјата за 10% од јули

Гостиварец пријавил дека бил нападнат во фабрика од колега

Ковачевски: Патот Маврови Анови-Жировница е највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше

Црвенковски: Потпишувањето Договор за пријателство со Бугарија со таква содржина беше голема грешка

Врачени признанија за особен придонес во работата на ХЕС „Маврово“

Пријавена кражба на автомобил паркиран на улица во Гостивар

ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Влезниците за КК Гостивар – МЗТ Скопје пуштени во продажба, по иницијатива на поддржувачи на КК Гостивар

ИНТЕРВЈУ со Д-р Виолета Зафировска Николовска, специјалист по семејна медицина

Жена физички нападнала три жени во бутик во Гостивар

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Македонијапред 3 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак
- Што, како, каде?!пред 2 месеци
Нов леток со НЕВЕРОЈАТНИ акции во МОНТЕНЕГРО Маркети
- Бизниспред 3 месеци
ПЕЛА МЕД Гостивар – Прв дом за нега и грижа на лица по светски стандарди
- Гостиварпред 3 месеци
Љубовна драма со закани и напади во Гостивар, приведени две лица