Вести
Украина ја проби руската линија на фронтот на исток, јужно од Харков

Западни официјални лица и аналитичари денеска соопштија дека се убедени дека Украина ги пробила руските линии на фронтот јужно од Харков, вториот по големина град во Украина. Британското Министерство за одбрана утринава на онлајн брифинг соопшти дека верува оти Украинците напреднале дури 50 километри на линијата јужно од Харков, во североисточна Украина.
Се чини дека украинските сили напредувале во областа околу Изјум, кој долго време беше во центарот на руската линија на фронтот и каде се водеа тешка артилериска и други борби. Британците велат дека руските сили околу Изјум се сè поизолирани.
Британските разузнавачи додадоа дека и блискиот град Купјанск се чини дека е под притисок на украинските сили и дека неговата загуба во голема мера ќе влијае на руската линија за снабдување во областа.
„Руските сили се чини дека се изненадени. Секторот беше држен со мал број луѓе и украински единици заземаа или опколија неколку градови“, објави британската војска.
Видеата и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека украинските војници ги освоиле Балаклеја, Шевченково и Купјанск, кој е на околу 73 километри северно од Изум. Според информаците овие места се заземени без борба.
Украинската армија сè уште не потврдила дека влегла во градот Купјанск, но извештаите за тоа се појавија по неколкудневното напредување на Украина јужно од Харков.
Институтот за проучување на војната, со седиште во Вашингтон, исто така денеска известува за голем напредок на Украина.
Институтот вели во извештајот дека неорганизираните руски сили се чини дека биле затекнати од брзото напредување на украинските сили. Во истиот извештај се вели дека украинските сили би можеле да ги соборат руските позиции околу Изјум доколку ги прекинат руските копнени комуникациски линии северно и јужно од градот.
Борбите на исток се одвиваат заедно со тековната офанзива околу Херсон во јужна Украина.
Украинската војска беше понејасна за својот напредок, велејќи во своето денешно редовно ажурирање дека освоила повеќе од 1.000 квадратни километри од проруските сили од почетокот на долгоочекуваната контраофанзива оваа недела.
Украинската војска соопшти дека во некои области нејзините сили навлегле во одбраната на непријателот до длабочина од 50 километри, што се совпаѓа со британските проценки, но не даде никакви географски детали.
Москва не ги потврди ниту ги коментираше тврдењата на Украина и нејзините западни сојузници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести