Поврзи се со нас

Гостивар

Улици, водоводи, канализации…Кои ќе бидат приоритетите на Општина Гостивар во 2020-та година?

Објавено

на

Предлог-развојната Програма на Општина Гостивар за наредната година, содржи над 80 проекти за изградба и реконструкции на патната инфраструктура, водоводи и канализации, а предвидува и реновирања во речиси сите училишта. Документот денес беше презентиран пред гостиварци на јавна дебата.

Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека Програмата ја изработиле според барањата и сугестиите на граѓаните, коишто ги прибирале на непосредни средби по населбите и селата.

„Ги обиколивме сите места за да ги слушнеме мислењето и потребите на граѓаните. Предложените проекти ги ставивме во Програмата и излегува дека делот на капиталните инвестиции достигнува 18,5 милиони евра. Навистина би сакал да ги имавме тие пари во буџетот и да можеме да ги реализираме сите проекти, но за жал ја немаме таа можност. Ќе бидеме во состојба да реализираме околу 10%, односно од 2 до 3 милиони евра. И затоа, треба да се постават приоритетите.“, рече градоначалникот.

По деталната презентација на програмата од страна на Бесим Догани, одговорен во Канцеларијата за локален економски развој, дел од граѓаните на дебатата даваа дополнители предлози и мислења.

Граѓани од Млаки побараа конечно решавање на најголемиот проблем на населбата со изградба на фекална канализација. „Се прелеваат септички јами, состојбата е многу лоша. Без фекална канализација, не може да се живее.“, рече жител на Млаки. Од општината одговорија дека ќе направат напори преку кредитирање да обезбедат пари за канализација во таа населба, со оглед дека проектот заради техничка спецификација не можел да се реализира самостојно и потребна е поголема сума на пари.

Жители пак од Лакавица побараа локалната самоуправа да предвиди повеќе проекти во нивното село.

Меѓу проектите во развојната Програма се: изградба на главната линија за водовод Вруток – Гостивар, поставување на ограда на шеталиштето на кејот на Вардар, изградба на кружен тек на улица „Илинденска“ кај Макпетрол, реконструкции на повеќе градски улици, реконструкција на пат од Горна до Долна Бањица, изградба на новопроектиран пат Чајле – Гостивар, уредување улици низ селата и други.

Предлог-Програмата ќе се најде пред гостиварскиот Совет на седницата закажана за во четврток.

Освен од сопствениот буџет, за реализирање на проектите општината ќе бара финансии и од Мминистерството за транспорт и врски, Светска банка и други извори.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 12 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 23 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 24 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 дена

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена