Поврзи се со нас

Здравје и убавина

„Ултрапреработената“ храна сериозен ризик за здравјето

Објавено

на

Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни и сериозни здравствени состојби, посочува новиот преглед на 45 мета-анализи којшто опфаќа речиси 10 милиони луѓе. Научниот труд е објавен во средата во списанието „Би-ем-џеј“ (The BMJ).

Најдовме постојани докази што го поврзуваат поголемиот внос на тн. „ултрапреработена“ храна со преку 70 отсто од 45-те различни здравствени исходи што ги зедовме предвид, изјави Волфганг Маркс, виш научен соработник во Центарот за храна и расположение при Универзитетот „Дикин“ во Гилонг, Австралија.

Хајнц Фрајслинг, стручњак за рак од Светската здравствена организација, вели дека најмногу 10 отсто од храната може да се смета како „основна линија“ по којашто ако има поголем удел прекумерно обработени намирници – ризикот се зголемува. Тој не беше вклучен во испитувањата.

Според истражувачите, има убедливи докази дека високиот наспроти нискиот внос на ултраобработена храна може да ја зголеми можноста за појава на анксиозност до 53 насто, а опасноста од рана смрт од која било причина – за 20 насто.

И епидемиологот за рак Фанг Фанг Јанг, професор на Одделот за нутриционистичка епидемиологија при Универзитетот „Тафтс“ во Бостон во САД, која не е вклучена во новото истражување, се согласува со голем дел од наводите.

Не е изненадувачки што има толку многу студии кои укажуваат на позитивна поврзаност меѓу потрошувачката на ултрапреработена храна и ризикот од различни исходи на болеста. Ултраобработената храна е богата со калории, додаден шеќер, натриум и малку влакна. Веќе е познато дека сите овие фактори придонесуваат за кардиометаболички здравствени резултати, зголемување на телесната тежина, дебелина, дијабетес тип 2 и хипертензија, рече Јанг.

Советите на стручњаците гласат:

  1. Споредувајте ги етикетите на производите и одбирајте помалку обработени намирници.

  2. Она што го вклучувате е исто толку важно како и она што го исклучувате од исхраната. Во она што може да се додаде спаѓа и свежо, замрзнато или конзервирано овошје, зеленчук, грав, мешунки.

  3. Внимавајте и на течностите. Напивките засладени со шеќер немаат хранлива вредност. Тоа треба да се замени со вода.

  4. Рестораните и кафулињата се попрепорачливи наместо синџирите за брза храна. Во ресторан помала е веројатноста да се прави ултраобработена храна.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 12 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 12 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 21 час

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена