Гостивар
Успешна прва крводарителна акција во 2022-ра година во Гостивар

Во просториите на Службата за трансфузиологија во гостиварската болница, денес се спроведе првата крводарителна акција за годинава. Гостиварци уште еднаш ја докажаа својата хуманост. Крв даруваа 20-тина граѓани.
Медицинските лица се задоволни од интересот и го повторуваат апелот секој здрав човек да дарува крв, која е потребна за спасување животи.
„Задоволни сме од одзивот, во Гостивар навистина има хумани луѓе, кои редовно даруваат крв. Ја користам приликата да апелирам до сите здрави граѓани да станат крводарители, со што може да спасат нечиј живот“, рече Џијана Алији, биохемичар во трансфузиологија.
Од Службата за трансфузиологија во Гостивар велат дека располагаат со доволно резерви на крв и крви единици за да се покријат потребите за пациентите.
Денешната акција ја организираше Општинската организација на Црвениот крст во соработка со трансфузиологија.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер