Поврзи се со нас

Гостивар

Утре почнува „Викенд без ДДВ“, фискалните треба да се скенираат во рок од три дена

Објавено

на

Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица денескабеше усвоен на седница на Собранието. Со тоа се овозможува практичната имплементација на мерката „Викенд без ДДВ“, која ќе се спроведе во претстојниот продолжен викенд, односно во деновите 10, 11 и 12 октомври. “, Вршителот на должност директор на Управата за јавни приходи, Фарук Омери нагласи дека на сите граѓани кои се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври, и пријавени во УЈП со скенирање преку апликацијата „Мој ДДВ“, за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема, ќе им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки.

„Значајно е дека, за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупнио промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20 %“, објасни директорот Омери.

Враќањето на данокот на додадена вредност кај граѓаните што го оствариле за време на викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издадената фискална сметка, односно најдоцна до крајот на месец октомври.

„Основната цел на „Викенд без ДДВ“ е повеќе пари кај граѓаните,  особено во овој период од годината кога трошоците во домаќинствата  се зголемени, при што граѓаните ќе може да купуваат домашни производи и компјутерска опрема, преку што ќе се поттикне потрошувачката , а истовремено  ќе се поддржи и  домашната економија.  Но, на подолг рок мерката „Мој ДДВ“ значи борба со сивата економија, што значи дека  секој граѓанин е инспектор на терен,  со тоа што тој бара да му се издаде валидна фискална сметка,  а доколку не му се издаде валидна фискална  сметка може да пријави во Управата за јавни приходи, каде што нашите инспектори излегуваат на терен и неиздавањето на фискални сметки го санкционираат“, нагласи Омери.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена