Гостивар
Утре во Гостивар протест против дигитализација на учебниците

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ утре (15 мај) организира протести низ градовите во земјава, како и марш во Скопје, во знак на незадоволство од воведувањето на дигитални учебници и други најавени реформи во образованието. Протест ќе се одржи и во Гостивар, во 12 часот пред зградата на општината. Локалните координатори упатија повик до гостиварци да се приклучат и да дадат поддршка во што поголем број.
„Ги повикуваме родителите, наставниците, учениците и сите засегнати да излезат на протестот и секој со себе во рака да понесе книга, заедно да покажеме дека сме против оваа експериментална реформа.“, рече Фисник Рустеми, локален координатор на иницијативата за Гостивар.
Иницијативата претходно организираше бојкот на наставата и достави неколку барања до Министерството за образование: предметите да се изучуваат од хартиени учебници, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците, да не се спојуваат предмети и родителите да бидат вклучено во образовните политики. Одлуката за протести дојде откако нивните барања не беа прифатени од надлежните.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година