Поврзи се со нас

Македонија

Вакцина, тест или потврда за прележаност ќе важи и за вработените во образование

Објавено

на

За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, рече Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука.

Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Томшиќ рече дека никој не се присилува на вакцинација со препораките на Комисијата за кои треба да одлучи Владата.  Како што и вчера соопшти министерката Мила Царовска, тој посочи дека околу 75 отсто од наставниците се вакцинирани.

-Дел од другите го прележале вирусот, а за преостанатите препораката е да се вакцинираат во интерес на и на нивното и на здравјето на учениците. Единствен начин да се заштитиме од вирусот е вакцинацијата, тоа го вели науката и ние не можеме да одиме спротивно, рече Томшиќ и додаде дека вакцинирањето во европските земји веќе се вклучува и во рамките на законите за заштита при работа.

Во однос на предлогот на Прогресивниот образовен синдикат на ССМ секој наставник да избере како ќе ја организира наставата, советникот во МОН  истакна дека се  потребни системски решенија зашто во  системот на образование има околу 40 000 наставници и доколку секој одлучува самостојно како ќе ја организира наставата, рече тој,  ќе биде тешко за координација и за следење на процесот на образованието на учениците.

-Сите овие барања потребно е да се достават до здравствените власти и Комисијата за заразни болести и врз основа на аргументирани тврдења од експертите да се носат ваквите одлуки, рече Томшиќ.

Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера рече дека состојбата со КОВИД-19 во училиштата е стабилна, тие се безбедни за учениците и дека во нивни најдобар интерес е да останат отворени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена