Гостивар
Валдет Џафери избран за претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар

Валдет Џафери е нов претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар. Тој денес беше избран на функцијата на непосредни партиски избори, извојувајќи победа над противкандидатот Мерсел Садику.
Џафери е роден 1989 година во Гостивар. Дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде и магистрирал по кривично право. Бил секретар на Економскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово, министер за правда и директор на Бирото за судски вештачења. Валдет Џафери доаѓа на местото на досегашниот претседател на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани, актуелен заменик министер за одбрана.
За претседател на огранокот на ДУИ во Врапчиште е избран Неби Реџепи. Нови лидери добија уште 8 партиски ограноци. Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце – Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети и во Желино е избран Емир Сулејмани.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022