Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 26/07/2019 | 15:23

Вечерва почнува Парк Фестивал во Гостивар – два викенда забава со познати музички имиња

Со настап на MC Kresha и Lyrical Son вечерва (26 јули) во 20 часот се отвора првото издание на Парк Фестивал во Гостивар. Овој и следниот викенд, во рамки на фестивалот ќе настапат популарни домашни и странски музички имиња од рок, поп, хип-хоп и џез сцената. Утревечер (27 јули) предвидени се концерти на АРЕА и Offchestra, додека во недела (28 јули) настапува Тотон. Следниот викенд во Гостивар ќе може да се слушнат и видат: Џерико Кепурдат, Сашо Поповски трио, Елена Дуни Квартет, а фестивалот ќе се затвори со Леутрим Алији, пианист од Гостивар кој со својот талент ја освои и Европа.

Концертите ќе се одржуваат на четири локации во големиот градски парк и на шеталиштето на Вардар, а влезот за сите фестивалски вечери е слободен.

Парк Фестивал го организира Inbox Entertainment, со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Гостивар.

Напишете коментар