Гостивар
Вечно во срцата на Гостивар – Подигнат Спомен парк за жртвите од „Ласкарци“

Четиригодишнината од страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 жители на Гостивар и околината, попладнево беше одбележана со меморијален собир и промовирање на Спомен парк во нивна чест. Во малото паркче на плоштадот кадешто неодамна беа засадени 16 дрвца со голема симболика, поставни се табли со имињата на жртвите во трагедијата која го зави Гостивар. Овој спомен парк сведочи за тагата на семејствата, роднините, пријателите, и на сите гостиварци.
„Дозволете да се обратам во име на градоначалникот Арбен Таравари кој од објективни причини не може да присуствува на овој комеморативен настан. Денеска навршуваат четири година од трагичниот настан во кој ние изгубивме 16 наши сограѓани, а многумина беа и повредени. Собрани сме овде да покажеме голема почит за загинатите, но истовремено и да апелираме до релеватните институиции да има одговорност, за да не ни се повторуваат вакви трагедии“, рече Јасин Демири од Општина Гостивар.
На настанот присуствуваа членови на семејствата на загинатите, нивни блиски роднини, пријатели, колеги, советници, граѓани на Гостивар, дојдени заедно да ја споделат болката.
Од средината на Спомен паркот кон небото беа пуштени 16 рефлектори во боја, симболично за 16-те изгубени човечки животи.
Во автобуската несреќа од 13 февруари 2019-та година животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава