Поврзи се со нас

Македонија

Верските лидери со поддршка за вакцинацијата и апел граѓаните да ги почитуваат мерките

Објавено

на

Состојбите со ковид пандемијата и процесот на вакцинирање биле тема на разговор на средбата меѓу премиерот Зоран Заев, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски и поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот – МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, ИВЗ, Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.

Како што зоопштија од владината прес служба, заклучено било од средбата да биде испратен заеднички апел на Владата и верските заедници до сите граѓани, за почитување на мерките за заштита од коронавирус.

„Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје. Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека на заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето.Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.“, се наведува во соопштението.

Од Владата известија дека на средбата заеднички било оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството.

Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава.

На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 12 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 13 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 15 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 16 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена