Поврзи се со нас

Гостивар

Viaduc De Millau – мостот кој ги допира облаците

Објавено

на

Една од најимпресивните градби на современата архитектура во светот секако е мостот Вијадукт Де Мило (Viaduc De Millau), кој се воздига над долината на реката Тарн на југозападот од Франција. Со неговата изградба, која започна во октомври 2001-ва година, а заврши во ноември 2004-та, значително е скратена делницата која ги спојува Париз во Франција и Барселона во Шпанија. Наместо по лош и полн со кривини пат долг 30 km кој поминувал низ тешкопроодниот кањон на реката Тарн, овој важен патен правец денес води преку највисокиот мост на светот.

Вијадукт Де Мило по многу нешта е специфичен, па затоа често го нарекуваат “фараонска градба на модерното време“. Тој е најдолгиот висечки мост на светот и највисокиот мост некогаш изграден, кој со своите 343 метри висина ја надминува Ајфеловата кула (324 m), најголемата гордост на француската архитектура. Интересен е фактот што за неговата изградба е ангажирана фирмата која ја основал Александар Густав Ајфел кон крајот на 19-от век. Инаку, оваа градежна компанија, освен Ајфеловата кула и мостот Вијадукт Де Мило, го подигнала и прочуениот Кип на слободата во Њу Јорк.

Sur les ponts d'Aveyron

По целата негова должина од 2.460 метри, мостот го носат 7 столба, кои зависно од конфигурцијата на земјата под нив, достигнуваат висина од 78 до 245 метри. За дополнително засилување поставени се 154 челични јажиња, а основата на секој столб има површина од 200 метри квадратни и длабочина од 16 метри. Само за столбовите употребени се 85.000 тони бетон.

Во изградбата на мостот работеле повеќе од 500 работници потпомогнати од тогаш, најсовремената компјутерска технологија, а за сѐ да биде милиметарски прецизно, работите се надгледувани со сателитски GPS-уреди.

Millau Viaduct - Wikipedia

Додека се градел, во бетонската маса се вметнувани детектори кои ја забележуваат секоја промена на материјалот, многу прецизно дури до стоти делови од милиметарот. Изведувачите гарантирале висока отпорност на ветер и осцилации кои ги предизвикуваат 10.000 возила кои пак поминуваат по него дневно. Во овој проект на изградба потрошени се 400 милиони евра, а пресметано е дека од патарина овие средства ќе се отплатат за 75 години.

Сообраќајницата Е75 чиј дел е Вијадукт Де Мило, е најпрометниот патен правец во Франција и најкратка делница помеѓу две европски метрополи, Париз и Барселона, во должина од 1,040 километри, а оваа импозантна градба, во Фрнција често нарекувана и “Мост во облаци“, се наоѓа на 650 km од Париз, а 390 од Барселона.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена