Гостивар
Вицепремиерката Грковска на гости кај градоначалникот Таравари

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска беше во работна посета на Гостивар, каде оствари средба со градоначалникот, Арбен Таравари.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата е разговарано за заедничка организација на дебатни настани по почетокот на наредната учебна година, а во рамки на активностите наменети за младите, кои вицепремиерката Грковска повеќе од една година ги спроведува под слоганот „Зависи од мене и тебе“.
Грковска и градоначалникот Таравари се согласиле дека од исклучителна важност е континуирано да се работи на подигнување на свеста кај младите за прашања поврзани со етика, интегритет и одговорност, затоа што тие го носат потенцијалот за позитивни промени во општеството и за надминување на слабостите во системот и општеството во целина.
Во однос на транспарентноста, како клучен антикорупциски механизам, вицепремиерката информираше за напредокот во јакнењето на активната транспарентност на институциите. Во таа насока, таа се осврнала на Упатството за транспарентност, кое Кабинетот за политики за добро владеење го изготви во соработка со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и Центарот за управување со промени. Грковска потенцирала дека иако произлезените препораки од Упатството се обврзувачки само за институциите на централно ниво, и општините треба да ги прифатат насоките за објавување на сите информации од јавен карактер, со што и локалните самоуправи ќе бидат поотворени и поблиски до граѓаните.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден